
Двете гламурозни, а повторно толку различни. Додека Леа се одлучи за Прада „мастерпис“, заносната Моника на сите им го одзема здивот со плишениот Русо фустан.
Русокоса и црнка, секоја на свој начин ги импресионираше присутните…
Мал е бројот на дами кои можат да и парираат на фаталната Моника Белучи. Речиси ниту една…
И додека ја очекувавме премиерата на најновиот Бонд, бевме сигурни дека ѕвезда на вечерта ќе биде заносната француско-италијанска актерка, која воедно е најстара актерка која се појавува во улога на Бонд девојка, но титулата најдобро облечена и најзаносна Моника ја сподели со нејзината колешка од филмот, младата Французинка, Леа Сејдокс.
Додека Моника ги остави без здив сите присутни со раскошната убавина, Леа блескаше во креацијата за која ретко кој би рекол дека е Прада.
Кога станува збор за косата, Леа овојпат се одлучи за брановидна боб фризура на една страна. Таа одбра заводлива металик боја „смуки ај“ сенка и бледо розов кармин.
Моника и овојпат остана верна на минималното стилизирање и пуштената, преубава коса, која паѓаше во лепршави, сензуални бранови на нејзините рамена.