опциите за соработка на конкретни инфраструктурни проекти, во делот на можностите за заедничка соработка во изградба на комунална и образовна инфраструктура, како и можностите за соработка во областа на туризмот и земјоделството. За оваа цел беше договорено нашите институции да преземат чекори за воспоставување на комуникација и односи со Фондот за развој на Емиратот Абу Даби, со кој што субјект би се разгледувале проекти од наведените области и би се детализирале можностите за соработка.
Соговорниците разговараа за предизвиците произлезени од мигрантската криза и за можностите за нивно менаџирање и надминување, при што беше истакнат заедничкиот став дека најдобар начин за надминување на тие предизвици е координирано и заедничко дејствување на меѓународната заедница.
Двете страни разговараа и за други теми од билатерален и мултилатерален карактер.
Министерството за меѓународна соработка и развој на ОАЕ е координатор на развојните проекти кои се поддржуваат со финансиските средства од страна на ОАЕ, во вредност од повеќе милијарди американски долари на годишно ниво.