
Меѓународната коалиција предводена од САД вчера извршила 13 водушни удари врз позиции на Исламска држава.
Дванаесет напади биле извршени во Ирак и само еден во Сирија.
Во Ирак нападите биле врз цели на ИД во близина на Синџар, Кисик и Рамади. Во Сирија било пукано врз систем за гранатирање на Исламска држава крај Мареа, пренесува МИА.
Тоа е првиот воздушен удар извршен од коалицијата во Сирија од четвртокот, наведуваат западни медиуми.