
Такси возило вечерва удри во жена која возела велосипед, пред трговскиот центар „Зебра“, на улицата Васил Ѓоргов во Скопје.
Жената е префрлена во Ургентниот центар. Според неофицијални информации, станува збор за полесни повреди.
Полицијата врши увид на местото на несреќата.