„сеење на магла“, ќе имало „уште многу валкани обиди за рушење на државата и на волјата на народот“ и се тоа и државните институции и народот морале да го трпат во очекување на „24 април“. Тоа значи или погрешно разбран либерализам или недоволна храброст да се разчисти со сите ѓубриња во Македонија или пак, се нема желба да се повикаат Македонците да ги средат работите како што тоа го правели во минатото.
Проблемот е дека нема време за губење. Македонија како држава, како институции, како самодоверба на граѓаните секојдневно тоне. Независно од инвестициите и вработувањата. Тие имаат своја вредност во нормална состојба, а денешната не е таква. Федерализацијата не голта чекор по чекор, брановите од емигранти во секој момент ќе не поплават, странците не држат за грло, а ние што правиме? „Ги следиме внимателно состојбите“ не е одговор. „Отворени сме за сите опции“ – исто.
Во една владина реклама се велеше: „Охрабри сè, направи го првиот чекор“.
Зошто мора да ја чекаме одлуката на други (за емигрантите, за политичките состојби) и тогаш да реагираме? Или пак, да се жалиме дека Македонија е во изолација?
Мора да не чекаме а да дејствуваме, да ризикуваме. Или владејачката партија преку Собранието ќе најави итни избори независно колку ќе врескаат од СДСМ или од надвор, или преку државните институции ќе приклучи со досегашниот заевиско-соросоидски циркус. Има и трета, непожелна опција за политичарите: народот директно да си го каже зборот, кое ќе значи менување на целата т.н. политичка елита. Како одат работите оваа опција изгледа се порејална.
Ние немаме потреба да чекаме избори (24 април или некогаш) како во драмата на Бекет „Чекајќи го Годо“. Зошто да чекаме половина година во која Македонија ќе биде уште позагрозена од сите страни, наместо да си го кажеме зборот сега? А и какво фајде од избори на кои ќе одлучи народот, ако пред нив и по нив продолжат да одлучуваат странците. Изборите имаат вредност само ако по одлуката на народот, истата се спроведе од избраниците, а не се девалвира од внатрешнополитички и странски субјекти, не е објект на пазарење со секакви неидентфикувани фаци. Затоа што, каква е гаранцијата дека ако денес политичарите не ја почитуваат одлуката на народот, утре по неговото гласање ќе почнат да ја почитуваат? Каква е гаранцијата дека надворешните субјекти што денес газдарат во нашата држава, утре нема да го прават? Нема да го прават, ако бидат спречени од владејачката партија. Но, ако таа е спремна тогаш да ги спречи, зошто не го правеше до сега иако ја има довербата од народот?
За крај, нека Ванхауте на ја плаши Македонија дека ќе има иднина како Белорусија. Ние мора да се плашиме во иднина да не станеме Косово. А инаку, Белорусија е далеку пред нас – и како држава со здрави институции и како животен стандард на нејзините граѓани. Дали знаете дека таму за раѓање на прво дете се даваат по 10 000 долари, за второ – 20 000, а за третто 40 000 плус стан од државата. Дали знаете дека во последниве 2 години минималната плата е 650 долари, а невработени нема? Дали знаете дека 98% од цифрите и „фактите“ што Западот ги објавува за Белорусија се лаги? Се разбира, за тој животен стандарт на белорусите Русија секоја година им донира по 10 милијарди долари (за споредба САД им донира на Израел по 3 милијарди долари). Секој народ одлучува како да живее: во наводна и гладна „демократија“, со голема невработеност и загрозена државност или како „бел човек“, без потреба од евроатлантски „вредности“.