биде реализирана градежната активност блок по блок така ќе бидат менувани и лифтовите.
Во блокот „Б“ којшто е целосно реконструиран оставен е едниот стар лифт за да се изврши транспортот на мебел, а потоа и тој ќе биде заменет.
Покрај ова, според најавите, во наредните денови МОН ќе распише тендер за набавка на нови лифтови за сите студентски домови во земјата.

Според најавите, деновиве ќе почне етапното префрлање на студентите од блокот А во комплетно реконстуираниот блок Б, по што ќе се почне со реконструкција на блокот А.
Паралелно во фаза на подготовка е и проектната документација за останатите два блока, блоковите „В“ и „Г“ и за мензата. Се очекува реконструкцијата на студентскиот дом „Гоце Делчев“ во целост да заврши до крајот на оваа или на почетокот на следната година.