
Благодарност до Социјалдемократскиот сојуз на Македонија што ни дава можност во законодавниот дом да ги соочиме фактите за да се направи разлика каква била состојбата во здравството претходно, а каква е сега, колкави биле инвестициите во здравството, колкави се сега, како и севкупно каде било здравството претходно, а каде е сега, се вели во рекацијата на Министерството за здравство.
Со користење на инструментот „интерпелација“ СДСМ ќе ни овозможи од собраниската говорница да направиме пресек на состојбите во здравството и со конкретни податоци да разговараме за проекти и реформи реализирани во здравствениот систем.
Во таа смисла, со почитување на сите законски и деловнички процедури Министерот за здравство ќе даде одговор на интерпелацијата и истиот ќе го образложи пред законодавниот дом, стои во реакцијата на министерството.