
Жена од Јужна Кореја е затворена откако се утврдило дека го држи својот сопруг во куќен протвор и сексуално го злоставувала.
Жената 29 часа го држела нејзиниот сопруг како куќен затвореник во нивната куќа во Сеул.
Ова е прв пат жена да биде обвинета за силување откако јужнокорејскиот Врховен суд го признава силување во бракот како злосторство, односно од мај 2013 година.
Шим, според наводите, го заробила и силувала сопругот за да добие докази кои и биле потребни за бракоразводната парница, кажал адвокатот на обвинетата.
На почетокот на оваа година судот ја ослободил првата жена во Јужна Кореја која била обвинета за обид за силување. Четириесет и пет годишната жежна признала дека го врзала партнерот и го удирала со чекан, но изјавила дека не планирала да го силува.