
Земјотрес е почувствуван утрово околу 7:26 во повеќе македонски градови. Епицентарот на потресот бил во Албанија.
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово, на 01.11.2015 год., во 07 часот и 26 минути, регистрира земјотрес чиј епицентар се наоѓаат во соседна Албанија, 110 km југозападно од Скопје.
Според досегашните макросеизмички податоци, овој земјотрес е почувствуван во делови од Р. Македонија, односно во Дебар со интензитет од V степени, Скопје и Тетово со интензитет од III-IV степени и Охрид и Битола со интензитет од III степени според Европската макро-сеизмичка скала–1998 – соопштија од Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
И вчера имаше потрес во Албанија кој беше почувствуван во Дебар.