
Просото е едноставно и навистина чудесно средство за лекување на болести на бубрезите. Многумина тврдат дека просото им помогнало да заборават на проблемите со бубрезите.
Во народната медицина се користи како природен лек за лекување на уролитија (создавање камен во урината и уринарниот тракт). Ефикасно ги чисти бубрезите, го елиминира песокот, ги отстранува ситните камчиња од бубрезите и мочниот меур, а исто така помага и кај женските болести и го лекува циститисот.
Инаку, просото е една од најпознатите житарки која поседува висока хранлива вредност и лековити својства.
Испробајте го овој чудесен и делотворен рецепт на руската народна медицина кој ќе ви помогне во чистењето на бубрезите, песокот и ситните каменчиња.
Рецепт за отстранување камен од бубрег:
Навечер една чаша (200 грама) просо измијте го со топла вода. Истурете го просото во поголема тегла (од три литри) и прелијте го со 2/3 од теглата топла, зовриена вода.
Затворете ја теглата, добро протресете ја, замотајте а во нешто топло и оставете ја да преноќи. Наутро повторно протресете. Ќе забележите бела матна течност во теглата. Тоа е вашиот лек.
Прелејте ја таа течност во друг сад. Пијте ја во текот на денот без ограничувања, во било која количина, кога и да посакате.
Просото немојте да го фрлате. Згответе здрава каша која можете да ја изедете за појадок.
Навечер подгответе нова порција за утредента, според истата постапка. Ова треба да се пие 10-15 дена.
Оваа житарка е достапна за секого. Не е скапа, можете да ја пронајдете во сите продавници за здрава храна. Воведувањето на просото во вашата исхрана ќе допринесе за здравје на вашите бубрези.