Вардар ги пушти во продажба билетите за дуелот од ЛШ против Барселона

Вардар ги пушти во продажба картите за дуелот против Барселона

Македонскиот првак Вардар од денеска ги пушти во продажба билетите за следниот домашен натпревар во Лигата на шампионите, против европскиот првак Барселона, кој е закажан за 22 ноември во 17.45 часот.

Продажбата на билети ќе се одвива на билетарницата на СЦ “Јане Сандански”, од 10 до 18 часот, и онлајн, преку ticketplus.mk, а цената на истите ќе изнесува:

Стоење – 150 денари

Трибини 1, 2, 9 – 300 денари

Трибини А1/Б1 – 250 денари

Централни трибини – 400 денари

“Вардарци” се со максимален ефект на досегашните домашни натпревари во ЛШ, против Пик Сегед, Некар Левен и Кјелце, серија што ќе се обидат да ја продолжат и во пресметката со каталонскиот гигант.

Извор: Екипа.мк