Експерти: Добро спроведените реформи и економски политики носат одлични резултати

Дека извештајот на Светска Банка го унапредува имиџот на Македонија и е одлична препорака за потенцијалните инвеститори, смета и аналитичарот од Брисел, Рикард Јожиак. Според Јожиак, извештајот е доказ дека Македонија е реформски лидер во регионот.

Тоа е резултат на вложениот напор на македонските власти кои сакаат да го разработат бизнис секторот и да привлечат инвеститори. Тие се константно фокусирани на тоа изминативе 9 години, и затоа воопшто не изненадува резултатот. После се што се случува, на крајот најважно е колку нови работни места ќе се отворат за Македонците, колку пари ќе влезат во домашниот буџет, нагласува Јожиак.

Реформите се чувствуваат и во пракса

Нотираните реформи од извештајот „Дуинг бизнис“ се чувствуваат во практиката –  оценува долгогодишниот банкар, Глигор Бишев.

Реформите се чувствуваат и во пракса
Реформите се чувствуваат и во пракса

Конкуренцијата не се чувствува само во делот на производите и на услугите, туку и во сферата на институциите. За нас како банки е многу важно дали нотарите, извршителите, катастарот ефикасно функционираат, многу е важно како оди воспоставувањето и регистрирањето на нови компании. Ова не се чувствува само во извештајот на Светска банка, туку и во практиката. Со ова  се намалуваат трошоците на банките, а  ние  нудиме трошоци со пониски каматни стапки, вели Бишев.

 

Извештајот е потврда…