
Личните премети на Маргарет Тачер меѓу кои нејзината облека и накит, како и други предмети ќе бидат продадени на аукција.
Ваквата одлука семејството на Челичната лејди ја донело откако музејот „Викторија и Алберт“ ја одби понудата предметите да бидат изложени во нивната поставка.


На продажба ќе се најдат околу 300 предмети од политичкиот и приватниот живот на Тачер следниот месец, меѓу кои е и нејзиниот венчален фустан, за кој се очекува дека ќе достигне цена од 10.000 до 15.000 фунти.
Аукцијата ќе биде организирана од страна на аукциската куќа Кристи, а приходите ќе бидат поделени помеѓу нејзините деца и внуци.