
Момче и девојка од Битола, И. К. (33) и И.Ѓ.(27) вчера биле пронајдени мртви во мотел што се наоѓа во индустрискиот дел на градот.
Како што соопшти денеска МВР, двете тела биле пронајдени на креветот покрај купатилото едно до друго без облека и во фаза на распаѓање. Во собата биле пронајдени и документи за лична идентификација.
И.К. на 24 октомври изнајмил соба во мотелот и подолго време не излегувал од неа. Вработените се посомневале и влегле во собата насилно отварајќи ја вратата, затоа што била заклучена од внатрешната страна со клучот оставен во бравата.
Според информациите, тој бил сторител на повеќе кривични дела меѓу кои и такви поврзани со дрога. И тој и 27 годишната И.Ѓ. биле од ромска националност. Потекнувале од битолската населба Караорман, за која битолчани велат дека е вистинско „нарко гето“.
Едното тело веќе било во фаза на распаѓање, додека кај другото процесот се уште не бил започнат.
Битолчани шпекулираат дека станува збор за наркозависник, но никој не знае во какви околности настанала смртта, пишува Сител.
Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола извршиле увид на местото на настанот. Смртта е констатирана од страна на Итната медицинска помош од Битола. По наредба на Јавен обвинител двете тела се предадени на обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.