Владата на Република Македонија и Министерството за образование и наука, во 2013 година го потпишаа првиот договор за соработка со Меѓународниот центар за наставни програми на Кембриџ, по што оваа крупна реформа прифатена од 160 земји и над 9 000 училишта, се имплементираше и во Македонија со воведување на новите наставните програми по „математика“ и “природни науки“ на национално ниво, првично за учениците од прво до трето одделение, а во следната фаза и за учениците од четврто до шесто одделение.
Значењето на оваа реформа, е што со нејзиното имплементирање се воведува поголема интеракција во наставата, се развива самодовербата и критичкото мислење кај учениците, со што тие сами успеваат да дојдат до заклучоци и решенија на поставените задачи. Наставните програми и учебниците адаптирани на нашите национални особености и публикувани на македонски, албански, турски и српски јазик, се алатка која им помага на наставниците да ги насочуваат децата на логичко размислување. Како и наставниците кои предаваат од прво до шесто одделение, обука за успешна реализација на програмите по „математика“ и „природни науки“, ќе поминат и нивните колеги кои по Кембриџ програмата од наредната учебна година ќе им предаваат на учениците во седмо, осмо и деветто одделение, рече Адеми.
Заблагодарувајќи му се за соработката на директорот на Меѓународниот центар за наставни програми – Кембриџ, Адеми рече дека со воведувањето на оваа реформа во образованиот систем, им се даде шанса на нашите ученици да учат по истите наставни програми и учебници по предметите „математика“ и „природни науки“ како и нивните врсници од Велика Британија.