Петмина студенти се избодени со нож во универзитетскиот кампус на Универзитетот „Калифорнија“ во Мерцед град во американската сојузна држава Калифорнија, а осомничениот напаѓач е застрелан од обезбедувањето, при што подоцна им подлегнал на повредите.
Двајца повредени студенти се пренесени со хеликоптер во болница, а другите добиле медицинска помош на местото на нападот.
Дел од локалните медиуми објавија дека напаѓачот бил поранешен студент на универзитетот.