
Само 15 од 28 земји-членки на Европската унија се подготвени да примат мигранти во рамките на механизмот за распределување по квоти, објави Европската комисија.
– Од неопходните 160.000 места сега се достапни 2.314 места. Процесот бавно напредува поради сложеноста. Сега сме на почеток од патот, тоа е долг процес, наведува ЕК.
Земјите-членки на ЕУ во следните две години треба да распределат 160.000 мигранти кои сега се во Италија и во Грција. Досега само околу 100 луѓе се сместени во Финска, Луксембург и Шведска.