
Според весникот, враќањето нема да биде како функционер во клубот, туку како играч бидејќи Џерард смета дека уште може да му помогне на Ливерпул.
Наводно, тој имал средба со Јирген Клоп минатата недела и му кажал дека идната сезона најверојатно ќе биде последна во неговата кариера, па затоа би сакал да ја помине во Ливерпул под негово водство. Тој верува дека може, конечно, да освои шампионска титула во Премиер лигата и потоа да замине во пензија што би бил перфектен крај на кариерата.
Ова е новост во плановите на Џерард бидејќи одамна е познато дека за него е резервирано место во Ливерпул, но во раководните структури. Многумина го гледаат и како иден тренер на екипата, но никој не се надеваше дека тој повторно ќе го облече дресот на својата најголема љубов.
Ако ова се оствари, тоа би значело дека Џерард ќе ја одигра првата полусезона во Лос Анџелес Галакси во МЛС лигата, а во текот на летото ќе се врати во Ливерпул.