крајот на годинава да се отворат и првите работни места поврзани со новата инвестиција, во 2016-та бројката на работници треба да достигне 300.
– Тие во Штип во почетокот предвидуваа да се вработат 1.250 луѓе, а сега се вкупно 1.700, истите бројки планираме да се реализираат и во Струмица, а однапред се алоцира и доволно простор за проширување“ – додава Мизо.
Нови инвестиции до крајот на годинава
До крајот на годинава ќе има и нови странски инвестиции. Премиерот Груевски најави отворање на неколку фабрики, а тој во случајот со „Џонсон Контролс“ се држеше до зборот даден во август.
– Во финални преговори сме со глобална компанија со седиште во Америка за производство на автомобилски делови, која планира да инвестира во ТИРЗ Струмица и да отвори нови 1.500 работни места, рече тогаш Груевски.
Како нови инвеститори во земјава се јавуваат бугарската „Мусала софт“, компанија која веќе има регистрирано фирма во Скопје и почна да вработува висококвалификуван кадар. За две до три години во план е да отвори 300 работни места.
Во Скопје е најавено дека ќе се позиционира и уште една компанија од Израел, а две компании влегуваат во битолската зона „Жабени“.
– Станува збор за италијанска компанија од прехранбената индустрија за откуп и преработка на овошје и зелечнук. Се очекува директно вработување на 100 луѓе, но и индиректна поволност за производителите кои ќе имаат гаранција за откупот на родот. Турската компанија е за земјоделска механизација, открива градоначалникот Талески.
На Бунарџик во финална фаза е новиот…