
Унгарија ќе ја преземе кривичната истрага за камионот на смртта во Австрија, соопшти денес канцеларијата на унгарското државно обвинителство.
Во камионот во август годинава беа најдени безживотните тела на 71 мигрант во близина на автопат во Австрија.
Унгарската полиција уапси пет лица, четворица Бугари и еден Авганистанец, неколку дена откако жртвите беа пронајдени.