„Костал“ почна со реализација на најавената инвестиција – егзистенција за 1.000 семејства

Преговорите за инвестицијата со германски „Костал“ започнаа во 2011 година и како што рече по потпишувањето советникот во кабинетот на премиерот Никола Груевски, Алек Никовски интензивно се работеше за да се убедат дека Македонија е вистинската дестинација за нивниот нов производствен капацитет.

Реализацијата на оваа инвестиција е важна како за охридско-струшкиот регион, така и за целата држава и таа е доказ за успешноста на политиките на Владата за привлекување инвестиции и отворање нови работни места, рече Никовски.

Сандерс: Македонија и градот Охрид ни ги понудија предностите за подготовка за нашиот иден бизнис

Извршниот потпретседател на „Костал“ Кристофер Сандерс истакна дека по спроведеното истражување во многу земји за тоа какви услови нудат за инвестирање откриле дека Македонија е таа која им потребна, а Охрид и Струга им нудат многу предности за нивниот иден бизнис.

dogovori-kostal-2

Денес е многу важен ден. Крајот на почетокот на „Костал“, а сега почнуваме со вистинската работа за во следните неколку денови и недели да започнеме со проектот за кој разговаравме од 2013 година. Како што кажавме, разгледувавме многу земји, особено надвор од ЕУ и решивме дека Македонија и градот Охрид ни ги понудија предностите за подготовка за нашиот иден бизнис. „Костал“, со годишен обрт на пари од 2 милијарди евра и околу 16.000 вработени има светла иднина пред нас. Сметаме дека дигиталниот свет ќе биде клучен за нас, муштериите и локациите на кои ќе работиме во иднина. Неопходно за добар персонал и сфаќања на претпријатието, образованието и инженерството се клучни за нас, како и за земјата. Очекуваме дека со тесна соработка, каква што имаме и сега, ќе ги исполниме потребите за пазарот. Ќе започнеме со активностите во следните неколку недели, првите вработени веќе се на обука. Чекор по чекор ќе почнеме со реновирање на просториите, а паралелно ќе градиме и гринфилд инвестиција за 1.000 лица која ќе има обрт од 200 милиони евра годишно. Имаме самодоверба, со нас се однесуваат навистина професионално, сметаме дека развивме партнерство, ја познаваме компанијата која е над 100 години стара и има 4 генерации од семејството „Костал“ како дел од нашата основа. Со нашите активности тука започнавме нов бизнис, ќе напредуваме и со радост го очекуваме тој успех тука во Македонија, рече Сандерс.

Директорот на…