Според Форбс, Меркел е столб на Европската Унија која ја сочинуваат 28 земји членки и нејзините одлучни чекори во решавањето на бегалската криза како и грчката финансиска криза влијаеја таа да се најде на врвот на листата.
Претседателот на САД, Барак Обама, кој, како што се наведува, во последната година го губи влијанието, се најде на третото место, додека на четвртото е папата Франциско, а на петото претседателот на Кина Си Јинпинг.