Македонското културно наследство претставено во рамките на музејот Лувр во Париз

Македонското културно наследство претставено во рамките на музејот Лувр во Париз
Македонското културно наследство претставено во рамките на музејот Лувр во Париз

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, во рамките на престојот во Република Франција, денеска го посети и македонскиот штанд на Меѓународниот саем за културно наследство, кој од 5 до 8 ноември се одржува во престижниот изложбен простор Карусел во рамките на  музејот Лувр во Париз.

Македонија за првпат се претставува на овој исклучително значаен саем, кој ги обединува професионалците од областа на заштитата на материјалното и нематеријалното културно наследство од целиот свет. Канческа-Милевска оствари и работна средба со раководството на саемот кој повеќе од дваесет години, во организација на „Ateliers d’Art de France“, познато здружение на француски занаетчии, го привлекува вниманието на експертската јавност од сферата на заштитата на културното наследство. На средбата беше договорено Република Македонија и наредната година да има своја презентација на овој еминентен саем посветен на културното наследство на земјите од сите континенти.

На македонскиот штанд, кој е во организација на Управата за заштита на културното наследство, се пре