15 години и чијшто месечен семеен приход по член на семејство во годината пред годината во која аплицитраат е понизок од 50% од последната просечна нето плата објавена од Државниот завод за статистика, лица до 29 години чијшто месечен семеен приход по член на семејство во годината пред годината во која аплицираат е понизок од 50% од последната просечна нето плата објавена од Државниот завод за статистика.
-Преку овој проект даваме поддршка на вработувањето на социјално ранливите категории, а од друга страна обезбедуваме услови за работодавците кои можат да ги искористат поволностите и државното кофинансирање од самиот проект на многу едноставен начин, со поднесување на барање до АВРМ во кое треба да биде наведен профилот на работник кој е потребен во рамките на претпријатието и делот од категориите на лица кои влегуваат во самиот оглас. Потоа Агенцијата во брз период ќе ги обработи сите барања и ќе селектира листа на работници кои одговараат на потребите на претпријатието за потоа да може самиот работодавач да го избере најсоодветниот кадар, вели владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.
Владата доделува шестмесечна субвенција на