кро фирми се отворени со поддршка на Владата, а уште повеќе сум задоволен затоа што дел од фирмите од микро прераснаа во средни претпријатија со околу 50 вработени, што значи дека паметно и плански ги спроведуваат своите проекти, подвлече Пешевски.
Во условите на светска економска криза и должничката криза во Европа, Владата креираше мерки со кои се поддржаа компаниите преку поволните кредити на Македонската банка за поддршка на развојот, од кредитната линија на Европската инвестициона банка за кои беа обезбедени 350 милиони евра и поддржани се над 1.600 компании, а отворени се над 6.600 нови работни места.
Иновациите и технолошкиот развој се полиња во кои Република Македонија во изминатите 2-3 години има одличен прогрес, а поред вицепремиерот Пешевски постои голем простор иновативната дејност да се развива, а Владата на Република Македонија преку Фондот за иновации и технолошки развој континуирано ќе ги поттикнува и ќе ја зголемува поддршкта на компаниите.
Спроведените реформи во економијата ги подобрија условите за започнување и во