ловната клима во земјата, а воедно и на конкурнтноста кај компаниите- соопшти Поповска, директорот на фондотза иновации и технолошки развој.
Кофинансирањето на микро, мали и средните претпријатија го правиме за да се поттикне иновациската дејност, трансфер на технологии кај компаниите, како и поддршка на компаниите што имаат висок потенцијал за раст.
На првиот јавен повик објавен на почетокот на оваа година аплицираа 78 компании од различни индустрии, од нив 16 компании со нивните предлог проекти беа избрани за финансирање од страна на Фондот, поточно од комисјата која ја сочинуваат странски експерти, соопшти Поповска.
Вкупниот износ на проектите избрани за финансирање е 458.700,50 евра.
Тема разбуди голем интерес и на настанот присуствуваа повеќе од 70 претсавници на компании членови на Македонско- Германското стопанско здружение.