Преку „Македонија вработува“ над 8.400 лица нашле работа

Над 8.400 лица во последните шест месеци се вработиле преку проектот „Македонија вработува“, што е уште еден доказ дека активните мерки за вработување ги даваат очекуваните резултати.

Порталот Лидер, пишува дека според структурата на вработените, компаниите со помош на активните мерки најмногу вработуваат млади лица, на возраст од 16 до 35 години, а досега се вработени 3.246 лица од оваа старосна група.

Се повеќе се вработуваат и млади лица до 29 години. Податоците велат дека досега се вработени 2.290 млади лица на возраст од 16 до 29 години.

Покрај за младите лица, компаниите интерес за вработување покажуваат и за релативно постарите и поискусните работници. 1.145 лица на возраст од 35 до 50 години досега се вработени со помош на активните мерки. Доста интересен е фактот што голем интерес има за вработување на лица над 50 години- досега се вработени 1.256 лица. Додека пак, со помош на владините мерки работа нашле и 387 лица постари од 58 години.

Од ранливите категории на граѓани, компаниите со помош на активните мерки вработиле вкупно 90 лица. Од вкупниот број на вработени преку активните мерки, пак 3.693 се жени.

Најчесто се вработуваат млади лица со средно образование

Статистката покажува…