Статистката покажува дека повеќе од половина од работниците кои се вработиле со помош на владините мерки за вработување, односно 4.846 имаат средно образование. 1.936 лица со основно образование исто така пронашле работа со помош на овие мерки. Од вкупниот број вработени досега, 120 се со вишо образование, а 1.375 со високо. Интересен е податокот и дека 127 магистри и доктори на наука исто така се вработиле со помош на овој проект.

Активните мерки за вработување се користат низ сите општини во Македонија. Најголем број од вработените, односно 1.100 лица се во Скопје, следува Тетово со 484 вработени, Гостивар со 418, Струмица со 333 и Прилеп со 300 вработени.
Проектот „Македонија вработува“ влијае на намалување на невработеноста, создавање нови работни места во сите општини во Македонија. Тој ќе продолжи да се реализира и во наредните шест месеци, соопшти неодамна министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов.
Малите фирми најчесто ги користат мерките
Според надлежните…