
Неговото капитенско деби го одбележа со победа, откако Австрија Виена со 2:1 славеше на дуелот против Алтах, натпревар кој се одигра во рамките на австрискиот фудбалски куп.
Шиков, е еден од тројцата најдобри фудбалери во составот на Австрија Виена, кои ја добиваат оваа улога сезонава.
Покрај пласманот меѓу осумтте најдобри екипи во Купот, Австрија Виена игра одлична сезона во шампионатот па по 14-то коло е на лидерската позиција со 30 бода, три повеќе од најголемиот конкурент за титулата, екипата на Салзбург.
Шиков досега има одиграно 12 натпревари за австрискиот тим и постигнато еден гол.