Колера се шири низ Блискиот Исток

кува да дојдат милиони шиитски верници за време на празникот Арабаин, со кој секоја година се одбележува крајот на период на жалост по внукот на пророкот Мухамед, Хусеин.

Хоукинс најави дека УНИЦЕФ во соработка со локалните шиитски духовници во градовите Наџаф и Кербала ќе дистирбуира информативни летоци за начините за заштита на верниците од колерата.

kolera1

Епидемијата на колера се појави во Багдад во текот на септемри и од тогаш од болеста се заразија над 2.200 лица, од кои шест веќе починаа.

Според здравствените експерти, причина за појава на болеста сепоплавите. при кои реката Еуфрат и изворите за вода за пиење беа загадени со отпадни води.

На ширењето на епидемијата влијаеше и освојувањато на големи реони во северен и западен Ирак од страна на џихадиситчката група Исламска Држава, од каде побегнаа околу три милиони лица, од кои најголемиот дел живеат во кампови во кои нема елементарни хигиенски услови.