
Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по суви коловози. Прекин на сообраќајот има од мотелот Македонија до Градско.
Според известувањето од Мануфактура продукција, од 03.11.2015 (вторник) до 06.11.2015 (петок) во периодот од 05:00 до 18:00 часот, снимањето на филмот A FOND се одвива на автопатот А1 од мотелот Македонија до Градско и сообраќајот се одвива по стариот пат.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.
На дел од патните правци се изведуваат градежни работи. На сите овие патни правци за изведувањето на градежните работи има поставено соодветна патна и сообраќајна сигнализација.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.