
Во паркот Велика Горица во Загреб, на почетокот на октомври пронајдено е тригодишно девојче кое зборува непознат јазик, пренесува ХРТ.
Се верува дека девојчето дошло во Хрватска со бегалскиот бран.
Девојчето се наоѓа во Домот за незгрижени деца во Загреб, а од каде е и како останала сама сеуште никој не знае. Не се знае ни како се вика. Ја викаат Нина.

Ако наскоро никој не ја побара, девојчето ќе влезе во хрватскиот систем и ќе ги добие сите права кои ги имаат и другите деца кои останале без родителска грижа.