Уништила милион евра за да им се одмазди на наследниците

Старица од Австрија прес својата смрт исекла банкноти во вредност од околу милион евра, во знак на револт кон наследниците кои неодамна ја сместиле во дом за стари лица.

Парите биле откриени по нејзината смрт во домот за стари лица во кој била префрлена пет дена пред смртта.

Осумдесет и петгодишната старица ги уништила и своите штедни книшки.

Одмаздата на старата госпоѓа кон своите наследници, се чини дека сепак, нема да трае долго, бидејќи Австриската народна банка соопшти дека е подготвена да ги замени уништените банки.