
Акцијата „Притисни црвено копче“, што во соработка со стопанските комори ја спроведуваат Управата за имотно-правни работи и Министерството за финансии, како мерка за помош на бизнис-субјектите во пријавувањето проблеми од имотно- правна природа, при укажувањето на можностите за нивно надминување и давање насока за следните чекори кон нивно надминување, за стопанствениците претставува непроценлива помош што мора да се искористи.
За сопственикот на компанијата „Ариљеметал“ Богослав Ангелоски, таквата помош што и се нуди на бизнис-заедницата претставува мошне важен сегмент во работењето на секој правен субјект, осо