суството на заменик претседателот Радмила Шекеринска, на која се почесто и се случува, симптоматично, да ја нема на клучни седници на партиските органи, обидувајќи се да се амнестира од сопствената одговорност за неповолниот исход од преговорите. Висок извор од партијата за порталот, тврди дека отсуството на Радмила Шекеринска од вчерашната седница е последица на тоа што незадоволството од кадровските решенија на Заев односно фактот дека меѓу новите министри и заменици ги нема нејзините фаворити.
Единствената утешна компензација, која може да го ублажи отсуството на кадровскиот потпис на Шекеринска во министерскиот кампус, е назначувањето на нејзиниот пулен Дамјан Манчевски за шеф на изборниот штаб на партијата, непопуларна, одговорна и многу неблагодарна позиција, која сепак, според неговите прогнози можела да стане некаква гаранција за конечно остварување на неговата опсесија да стане кандидат за пратеник.
Нервозата од предложените кадровски решенија, со кои Заев ги вдомува своите најблиски луѓе, го надополнува уште една околност, за која нашиот извор вели дека е потврда за очигледната лична нетрпеливост кај членовите на Извршниот одбор на СДСМ, кои се чувствуваат изневерени од лидерот на партијата. Имено, Максим Димитриевски, актуелниот претседавач со Советот во Општина Куманово, сметал дека тој, исто како и неговиот сограѓанин Оливер Спасовски, требало да стане министер.
Ист е случајот со професорката Татјана Прентовиќ, која заедно со по