Ја претепал сопругата бидејќи го прашала каде бил

Скопјанецот ја претепал својата сопруга откако пијан се вратил дома, а таа го прашала каде бил.

М.И. (38) на 4 ноември  се вратил дома од кафеана во алкохолизирана состојба, а на прашањето од сопругата за тоа каде бил, тој  првин не одговорил ништо, а потоа физички ја нападнал удирајќи ја со тупаници и клоци по главата и телото и давејќи ја со рацете околу врат, притоа заканувајќи и се дека ќе ја убие ако го настанот го пријави во полиција, по што заминал од домот, информираат од полицијата.

Оштетената, следниот ден се упатила во Клиника за уво, нос и грло каде што и била укажана лекарска помош и извршен оперативен зафат, за што и се констатирани и тешки телесни повреди.

Следниот ден М.И. бил приведен во полициска станица и извршен е разговор за околностите под кои е извршено кривичното дело.

СВР Скопје до надлежното Основно Јавно Обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против  од Скопје поради постоење основи на сомнение за извршено кривично дело „тешка телесна повреда при вршење семејно насилство“.

Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот одредена му е мерка притвор во траење од осум дена.