
Ние од ВМРО ја дистанциравме Ременски бидејќи немаше капацитет. Поранешниот претседател на месниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Црквена маала Крива Паланка, Нада Цонева потврдува дека потпретседателката на СДСМ и иден министер за труд и социјална политика, Фросина Ременски била член на ВМРО-ДПМНЕ и вели дека немала никаков капацитет за работа.
Точно е, Фросина Ременски беше член на ВМРО-ДПМНЕ во периодот кога јас бев претседател на месниот комитет. Редовно на состаноци одевме заедно и не само тоа, таа, туку и нејзиниот татко Ванче. Таа беше приврзаник и вљубена во политиките на Љубчо Георгиевски. Сега ја гледам во редовите на СДСМ. Ние од ВМРО ја дистанциравме бидејќи немаше капацитет. Паметам добро дека нон-стоп сакаше функција, но неа, реално, не ја биваше и немаше соодветен капацитет, вели Цонева, пренесува „Курир“.
Новата министерка…