Франција: 16 полицајци повредени во судир со мигранти

Шестнаесет француски полицајци синоќа биле полесно повредени во судир на мигранти и силите на редот во близина на импровизиран камп во реонот на француското пристаниште Кале.

– Синоќа околу 23 часот неколку групи мигранти, што броеја најмногу до 200 лица, се обидоа да го забават, па дури и да го блокираат движењето по пристапната пристанишна улица на патот за Кале, информира портпаролот на префектурата.

Полицијата добила наредба за употреба на солзавец и растурање на дивеењето на мигрантите, кои врз нив фрлале различни предмети, прецизира изворот.

Шеснаесетте полицајци биле повредени од фрлените камења врз нив.
Околу 6.000 мигранти, кои се дојдени главно од источна Африка, Блискиот исток и Авганистан, живеат во неподносливи услови во камп од метални контејнери, што се наоаѓа на еден час пешки од Кале.

Тие таму чекаат погоден момент за нелегално да се префрлат во Велика Британија, но нелегалното преминуваее преку тунелот под Ла Манш стана многу тешко откако неодамна пристапот до него беше дополнително обезбеден.