Минатиот понеделник околу 21.00 часот, пријавениот излегол до продавница, а за тоа време Јашар Р. и изјавил љубов на П.Ј. но бидејќи истата го одбила, ја удрил во пределот на главата.
Пријавениот вракајќи се од продавница ја слушнал расправијата помеѓу Јашар Р. и П.Ј. по што започнал расправија со сега починатиот која подоцна преминала во физичка пресметка.
Кога настанала физичката пресметка П.Ј. отишла во ходникот, бидејки пријавениот и кажал да се потргне и во еден момент видела како Јашар Р. паднал на земја додека пријавениот со клоци ударал по него, а потоа и го притиснал со нога на вратот. По настанот Д.С. и П.Ј. излегле од куќата и пријавениот ја заклучил влезната врата и заминале за Прилеп.
По превземените сеопфатни мерки и активности за расветлување на кривично правниот настан, пријавениот бил пронајден и лишен од слобода и по целосно расчистување на настанот бил предаден на јавниот обвинител.
На предлог на јавниот обвинител од страна на судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.