
Лекар од Клиниката за абдоменална хирургија утринава е ранет во ногата од пациент.
Неофицијално, пациенстот бил незадоволен од лекарот, бидејќи неговата мајка која била хоспитализирана на Клиниката починала.
Напѓачот пукал и во медицинската сестра, но таа не била погодена.
Во моментот на Клиниката има полиција, а напаѓачот, заедно со уште двајца кои исто така дивееле на Клиниката, се уапсени.
Повеќе детали за настанот, од МВР најавија за подоцна.