Димовски во својата дискусија се осврна и ги објасни клучните работи кои се менуваат во изборниот законик.
Државната изборна комисија која што ќе се бира по сосема нов модел во која што тројца членови ќе предлагаат партиите кои што се во мнознинство во Собранието, тројца членови ќе предлагаат партиите кои што се во опозиција во Собранието и тројца членови ќе се бираат со консензус, но треба да ја претставуаваат таканаречената експертска јавност односно лица за кои што има предвидено посебни критериуми во изборниот законик, во смисла на нивното професионално искуство поврзано со оваа проблематика. Тоа треба да гарантира некоја дополнителна зависност на ДИК во смисла на спроведување на изборите и доверба од страна на политичките партии, нагласи Димовски.
Тој додаде дека останува во сила досегашниот изборен модел со шест избори единици во кои што калкулацијата за борјот на пратеничките места се пресметува според дантоновиот модел.
Измена има во делот на дијаспората, околу дијаспората имаше различни ставови од сите четри партии она што го имаме како конечен резултат е дека ќе има пратеници од дијаспората кои што ќе се бираат наместо на три мнозински изборини единици на една пропорционална единица и потребниот број на гласови за да биде еден пратеник избран ќе е минималниот бој на на гласови кои што на претходните избори го добил пратеник изборан во една од шестте избори единици во Република Македонија, потенцираше Димовски.
Димовски истакна дека…