
Огромна дупка се отвори на паркинг пред ресторан во Мисисипи и проголта 12 автомобили, јавува Би Би Си.
Огромната дупка, која е долга околу 120 метри, а 11 метри широка се отвори доцна попладне во саботата во близина на границата на Алабама. Во катастрофата никој не е повреден, а тимови со инженери ќе направат истражување на теренот.
Областа во последните две недели била погодена од поројни дождови.