
Еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан денеска во Брисел оцени дека Србија во минатата година направила крупни чекори кон приближувањето кон Европската унија и дека е близу до отворањето на првите преговарачки поглавја, објави МИА
– Верувам дека условите се исполнети за преговорите да започнат оваа година, изјави Хан, претставувајќи го извештајот за напредок на земјите кандидати и потенцијални кандидати пред Одборот за надворешнополитички работи на Европскиот парламент.
Тој оцени дека има напредок во подоборување на односите меѓу Белград и Приштина, а Србите во регионалната соработка се однесувале многу конструктивно.
Исто така Хан се осврна на фактот дека Србија во моментов спроведува амбициозните реформи и изрази очекување дека реформите во правосудството, борбата против организираниот криминал, како и економските реформи, ќе продолжат.