
Градот Скопје ги информира граѓаните дека за време на викендот на првиот паркинг на Водно од непознат сторител е оштетена соларна канделабра, при што е направена материјална штета.
Од ЈП „Паркови и зеленило“ и од МВР е направен увид на местото на настанот и за истиот е направен записник.
Со оглед на фактот што во парк шумата Водно повеќе пати се оштетува поставената урбана опрема, Градот Скопје апелира до граѓаните да ја чуваат урбаната опрема и зелените јавни површини.