
Тоа ќе биде деби за Ангеловски на кормилото, но и можност за нов почеток, како што најави капитенот Ванче Шиков.
Треба да го заборавиме изминатиот квалификациски циклус и веќе од денешниот меч да почнеме со подготовки за следниот. Атмосферата во националниот тим е многу подобра, новиот селектор сака да играме многу поофанзивен фудбал и верувам дека тоа ќе донесе и подобри резултати, истакна Шиков.
Со офанзивното трио Иван Тричковски – Александар Трајковски – Крсте Велкоски ќе ги нападнеме Црногорците на арената “Филип Втори”.
Како поддршка од позадина ќе биде и Агим Ибраими, кој ќе добие задача и како главен организатор на играта на македонската репрезентација. Зад него во средниот ред ќе делуваат Остоја Стјепановиќ и Никола Глигоров, а на страничните позиции ќе биде тадемот од Ријека, Стефан Ристовски и Леонард Жута.
Столе Димитриевски ќе добие шанса меѓу диреците од стартот, а стоперскиот тандем ќе го сочинуваат Ванче Шиков и Даниел Мојсов.
Верувам во фудбалерите и би сакал и тие да го зголемат нивото на самодоверба. Мислам дека тоа е клучен фактор за да направиме едне позитивен исчекор. Црна Гора е квалитетна селекција со која ќе можеме да ги одмериме силите, да видиме до каде сме и овој меч треба да ни даде една јасна слика како да продолжиме во следниот период. Мојата филозофија е да играме офанзивен фудбал и секако, ќе се трудиме да стигнеме до победа на секој натпревар, вели селекторот Игор Ангеловски.