Пензиониран полковник на АРМ фатен во криминал тежок 935.000 евра (ВИДЕО)

најдени се и два преносни компјутери (лаптопи), во кои од извршениот увид од страна на овластено службено лице на Управата за финансиска полиција, утврдено е дека истите се користени за креирање на документација за превземање односно фиктивна продажба на фирмите кои се осомничени за финансиски криинал. Компјутерите и целокупната пронајдена документација се одземени и ќе бидат предмет на натамошно вештачење, соопштуваат од Финансиската полиција.

Во истражувањето на случаите, активно се вклучи и ИНТЕРПОЛ Бугарија кој ги обезбеди сите инволвирани бугарски државјани кои станале сопственици на македонските фирми осомничени за финансиски криминал тежок 935.000 евра при што од истите се обезбедени изјави со кои детално ги потврдуваат наодите од пријавите на Финансиската полиција. Со четирите поднесени кривични пријави до Основните јавни обинителства во Скопје, Гостивар, Тетово и Куманово за кривичните дела „Даночно затајување“, „Фалсификување или уништување на деловни книги“, и „Помагање на сторител по извршено кривично дело“, пријавени односно осомничени се вкупно 8 физички и 6 правни лица за вкупна штета од 935.000 евра.