ВИДЕО: Потресно сведоштво за пукањето на Клинички

Лекарите нема да работат ни во амбулантите.Ќе примаат само итни случаи. Пациентите ќе ги препраќаат во ГОБ 8 септември и старата градска болница. Ваква одлука донел стручниот колегиум на Клиниката по инцидентот во понеделникот кога беше застерелан нивни колега. Ова го подржува и министерот за здравство, јавува Сител.

Се случи многу сериозен криминален чин и со право докторите се револтирани и реагираат. Ние сме во комуникација со нив. Но, тоа што е најважно за нас е да се смири состојбата тука, да се создадат услови за нормално функционирање, а од друга страна ниту еден пациент да не трпи поради тоа, вели Никола Тодоров, министер за здравство.

За потсетување, во понеделникот три лица влегоа на Клиника и пукаа кон хирург кој ја оперирал нивната мајка, бидејќи таа подоцна починала во шок соба. Кон хирургот беа испукани пет куршуми, а насилниците го кршеле и инвентарот.