Улицата денеска е целосно реконструирана, рече тој, додавајќи дека е изградена атмосферска канализација, изградени се тротоари, поставено е улично осветлување и, како што додаде, разликата е сосема очигледна. Изрази задоволство што како Влада и помогнале на општината и на градоначалникот да се решат овие проблеми и, ккао што рече, сега оваа улица ќе овозможи подобра комуникација помеѓу Видовишта, Илинден, Велгошти и сите останати населби кои гравитираат во овој регион.

Нашите политички опоненти најчесто ни се смеат и се подбиваат со нас кога одиме во помалите места и кога пуштаме вакви улици, патишта, водоводи или канализациони системи. Се смеат затоа што ваквите проблеми на граѓаните воопшто не се важни за нив, рече Груевски и додаде дека не ги делат проблемите на граѓаните на мали или големи.
Потсети дека…