Потсети дека во изминатиот период и покрај тоа што претходниот градоначалник на Охрид се обидувал да ги блокира проектите на Владата успеале да најдат начин за изградба и реконструкција на повеќе локални патишта во охридскиот регион.

Го направивме патот за манастирот „Света Недела“ кај Оровник, го изградивме локалниот пат за Велгошти, патот од Лескоец до Скребатно, патот до селата Лакочереј, патот до Орман, помогнавме за доизградба на патот Вапила – Сирула, а во изминатите месеци се правеше и улицата „Илија Смилчевски“ во Лескоец, рече Груевски.
Додаде дека…