
Единаесет лица осомничени за џихадизам се уапсени денес во голема операција на турската полиција против борци на Исламска држава.
Оваа масовна полициска операција е изведена со поддршка на хеликоптери.
Апсењата се изведени неколку дена пред средбата на врвот на Г-20 во летувалиштето Анталија, во јужна Турција, која ќе се одржи на 15 и 16 ноември.
Полицијата изврши претреси на над 20 адреси во различни квартови на Истанбул.
Меѓу приведените има седуммина странци.
Операцијата се уште е во тек. Се очекуваат уште апсења.
Минатата недела турската полиција во Анталија приведоа 20 лица, осомничени за врски со Исламска држава.